35 години независност на Македонија – објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 - годишнината на независноста на Македонија е објавено денеска. На 8 септември годинава одбележуваме 35 години од независноста. Видеото го објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 - годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. На 8 септември обележуваме 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. Специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, којшто ќе биде изведен во 11 градови, првата изведба на музичко-сценскиот спектакл ќе ја има вечерва во 19:30 часот во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Низ приказната за македонските успеси низ годините не води познатиот актер, водител и изведувач Игор Џамбазов, оперските пејачи Игор и Ана Дурловски во придружба на Македонската Филхармонија ја изведуваат познатата песна „Љуби ме и главата горе“ на Зафир Хаџиманов, а во него учествуваат и други актери од постарата и помладата генерација. Содржани се и инсерти од најзначајните моменти од прогласување на независноста, воведувањето на денарот и.т.н... Џамбазов ја започнува приказната: „Луѓе какви 35 години!“. По повод 35-годишнината од независноста е подготвен специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал…
Povezane vijesti
