klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

15 јули, роденден на Шатев: Сандански ме импресионира со цврстиот став, Гоце Делчев со љубезноста, скромноста и искреноста

15 јули, роденден на Шатев: Сандански ме импресионира со цврстиот став, Гоце Делчев со љубезноста, скромноста и искреноста
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·15. 07. 2026. 09:05:44

„Го сретнав еден ден Трајче Христов од Велес - мој поранешен соученик и некогашен водач во Велес и нелегален агитатор во Малешевијата... Ме одведе во еден двор, на чиј крај имаше куќа со две соби и ходник. Вратата од едната соба беше полуотворена. Погледнав и забележав дека во собата имаше доста луѓе. Трајче ме одведе во другата соба и отиде каде што беа другите луѓе. По некое време, влезе со двајца. Ми ги претстави: Гоце Делчев и Јане Сандански“. На 15 јули 1882, во Кратово, роден е Павел Шатев - македонски национален револуционер, анархист, гемиџија, интелектуалец, идеолог на ВМРО (Обединета), партизан, политичар, државник. Уште како млад, како ученик во Солун, се запознава идеите на ВМРО. Со групата Гемиџии, во т.н. солунски атентати во 1903 година, Шатев го запалил францускиот параброд „Гвадалкивир“. Уапсен е и испратен во областа Фезан, во јужна Либија. Сепак, по општата амнестија од султанот во 1908, заедно со другите затвореници, и Шатев е ослободен. Уште во почетокот на 1900 година Гоце Делчев, Тодор Органџиев, Трајчо Христов и други македонски револуционери во Софија решиле да ја кренат Отоманската банка во воздух; Борис Сарафов ветил пари; планот почнал да се кова... Така се родила групата Гемиџии. По две години…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti