klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

11 пациенти примени во Ургентниот центар по невремето во Скопје, тројца се со скршеници

11 пациенти примени во Ургентниот центар по невремето во Скопје, тројца се со скршеници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 07. 2026. 09:03:28

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница, додека пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti